еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Судот му одреди мерка куќен притвор на поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој заедно со уште четири лица е осомничен дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, во периодот од 2011 до 2017 година, при постапување по барања за утврдување на правен статус на објекти лоцирани на улицата „Илинденска“.

Пред судија на претходна постапка, заедно со Јакимовски, денеска беа изведени и лицата Т.Ѓ. во својство на раководител на Одделение за недвижен имот и постапка за експропријација на недвижности во Сектор за правни работи на општината и В.С. во својство на виш соработник во Одделение за спроведување на урбанистички планови во Сектор за урбанизам.

– Одбиен е предлогот за одредување мерка притвор за лицето Т.Ѓ. бидејќи од страна на СЈО во предметот „Топлик“ веќе му се определени мерки на претпазливост, а согласно ЗКП не може да се определи мерка притвор на веќе определена мерка на претпазливост.

За лицето В.С е одбиен предлогот за притвор и определени се мерки за претпазливост. Кај сите тројца обвинети определените мерки се бидејќи се исполнети условите од член 165, став 1 точки и еден и два, информираат од Кривичниот суд во Скопје.

Судот дополнително треба да се произнесе за останатите шест лица, за кои постои основано сомневање дека ја злоупотребиле својата службена положба и овластување, а надлежниот обвинител достави предлог за определување мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиште, односно престојувалиште, обврска повремено да се јавуваат на определено службено лице или државен орган и привремено одземање патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

До каде е случајот „Хармонија„ на СЈО во кој се гони Стевчо Јакимовски

„Стефче ако гарантира со имот може пола Шутка да ја извади на слобода„: Твитер реакции за апсењето на Јакимовски

Детали од МВР: Јакимовски осомничен за бесправна легализација и откуп на земјиште

Детали од Обвинителство за Јакимовски: „Масакр“ на буџетот на Општина Карпош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Постигнат договор за платата на машиновозачите, железничкиот сообраќај ќе се нормализира

Редакција

Најнови податоци за бројот на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Редакција

Апасиев од Благоевград: За разлика од фашистичките клубови што се отвораат кај нас, ова е име на анти-фашист и на комунист

Редакција