еМагазин
Image default
Локално

Кумановец усмртил жена на магистралниот пат за Крива Паланка

Патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ. (33) од Куманово, вчера попладне на магистралниот пат за Крива Паланка удрило во Р.П. (64) од село Луке, Крива Паланка.

По несреќата Р.П. била пренесена во Општата болница во Куманово за укажување на лекарска помош каде околу 19,20 часот од страна на лекар била констатирана смрт.

Несреќата се случила во близина на населбата Карпош, а била пријавена во 18:30 часот.

МВР соопшти дека е извршен увид од Јавен обвинител и од увидна екипа на СВР Куманово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен скопјанец за заканување и обид за напад

Редакција

Кои се најдобрите кафулиња во Скопје за 2019

Редакција

Украдени „БМВ“, „Ауди“ и „Мерцедес“ од автоплац во Скопје

Редакција