За градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски акцискиот план кој го предложи поранешниот премиер Љупчо Георгиевски е срамен и понижувачки за Македонија и македонскиот народ.
„Овие ставови директно ги разнебитуваат нашите македонски корени, ги поткопуваат столбовите на постоењето на македонската држава, историја, јазик, идентитет и култура со конечна цел декодифицирање на македонизмот.
Доколку кај поранешниот премиер постои малку доблест и свест под итно треба да го врати македонското државјанство и да се извини на целиот македонски народ.
Го повикувам Јавното обвинителство екс официо да отвори случај, спроведе истрага и доколку утврди одговорност за ваквиот предлог кој е противуставен да поднесе кривична пријава за дело против државата и поткопување и уривање на уставниот поредок.
Јас сум еден од многуте граѓани во државата кој секогаш и секаде бескомпромисно ќе се спротивстави на ваквите утопистички ставови.
Во оваа прилика ќе потсетам на зборовите на Гоце Делчев: “Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот““, напиша Димитриевски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Димитриевски