еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Кунгуловски се вакцинираше: Посакувам што поголем граѓани да добијат можност да се вакцинираат, така ќе се вратиме во нормала

Доктор Горан Кунгуловски, коосновач на Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“ информираше дека се вакцинирал против Ковид-19, и смета дека само со масовна вакцинација може да се вратиме во нормала.

„Израелска студија на 1,2 милиони луѓе укажува дека вакцината е 72% ефикасна во превенирање на смртен исход и 57% во превенирање на симптоматски Ковид-19, после примање на една доза и изминати 14-20 денови од истата. Станува над 90% ефективна после примање на втората доза.

Посакувам што поголем број на граѓани да ја добијат можноста да се вакцинираат за најбрз можен рок. Само со масовна вакцинација можеме да се вратиме во нормала,“ напиша Кунгуловски на неговиот Фејсбук-профил.

Фото: Фејсбук/Кунгуловски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Солидарноста на една француска пекарка му овозможи на 69-годишен Битолчанец да си дојде дома

Редакција

Да се прогласи епидемија на голема кашлица во Скопје, предлага Комисијата за заразни болести

Редакција

Милошоски оздраве од Ковид-19 после 21 ден болничко лекување

Редакција