Уште две лица од Куманово починале од корона вирусот, соопшти градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски вечерва при учеството во емисијата „Топ тема“ на ТВ „Телма“, споделувајќи најнова информација од Центарот за јавно здравје.
Тој повторно упати апел да се воведат уште порестриктивни мерки во Куманово и, како што рече, да се скратат бирократските постапки и да се даде шанса да делуваат општинските структури.
Во емисијата ги сподели и искуствата во справувањето со ширењето на вирусот и карантинот што беше спроведен во тек на викендот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Куманово воведе дополнителна телефонска линија за ранливи категории граѓани
Во Куманово уште 4 новозаболени здравствени работници
Фото: Фејсбук/Димитриевски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.