еМагазин
Image default
Македонија

Куновска за „штедливото“ тргање на оградата: Со парите од советниците може цела Влада да се упристои

Една од најпознатите македонски актерки и поранешна пратеничка од редовите на СДСМ, Софија Куновска на свјот фејсбук профил реагира за начинот на кој се трга оградата пред Владата.

„Ќе ги оставеле столбовите од оградата на владата… Аман, до кога ќе си играте држава?
Зошто секојдневно покажувате дека сте полоши од најлошите? Анализиравте, анализиравте, анализиравте и ова ли го смисливте?

Немате ниту идеја, ниту храброст.

Тоа дека сте штедливи на друг да му го објаснувате. Само со платите на советниците и националните координатори кои се шуткаат од прием до прием, од канцаларија до канцаларија и до ден денес немаат откриено што им е работата, можете да ги покриете трошоците за целата зграда на владата да се упристои. А можевте и со парите за ВЕЧЕР да се послужите.

Патетични сте. И за жалење“, напиша Куновска..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Лесно е да бутнеш ограда. Оди уапси го Грујо“: Твитер за демонтирањето на оградата околу Владата

(ВИДЕО) Се отстранува железната ограда околу Владата

Фото:Фејсбук/Софија Куновска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Катица Јанева не поднела писмена оставка, усната не важи

Редакција

Уапсен поранешниот шеф на кабинетот на Сашо Мијалков, Тони Јакимовски

Редакција

„Политико“: Бугарската тактика на изживување врз Македонија ефикасна за подземјето во Софија, но неприфатлива за ЕУ

Редакција