еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

За Србија и Косово нема европска иднина без имплементација на договорот

По неуспехот од последнниот дијалог во Брисел меѓу Белград и Приштина, и по вооружениот напад во Бањска во северно Косово, големата петорка предводена од специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак, денеска, после Приштина допатуваа во Белград на средба со српскиот претседател Александар Вучиќ во обид за продолжување на дијалогот за да се намалат растечките тензи меѓу Србија и Косово, јави дописникот на МИА од Белград.

Во делегацијата предводена од Лајчак се и заменикот помошник државен секретар и специјален пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, советниците за надворешна и безбедносна политика на претседателот на Франција и канцеларот на Германија, Емануел Бон и Јенс Плетнер и дипломатскиот советник на премиерот на Италија Франческо Тала.

И додека Вучиќ на Инстаграм профилот кусо напиша дека „средбата со петорката била тешка и дека верува дека во наредниот период ќе се најде излез од кризата, како и дека очекува важни средби во Брисел наредните денови, Лајчак по средбата даде повеќе информации пред новинарите, потенцирајќи дека „нема европска иднина за Србија и Косово без имплементација на договорот за патот кон нормализација и сите досегашни договори“.

“Сакаме да гледаме стабилен, просперитетен и европски регион на Западен Балкан и затоа дијалогот е од клучно значење. Нашиот разговор со претседателот Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти ќе продолжи и во наредните денови, ” заклучи Лајчак.

Лајчак и неговиот американски колега Ескобар, придружувани од највисоките дипломати на Германија, Франција и Италија, во Приштина се сретнаа и со премиерот на Косово, Албин Курти, кој по разговорите изјави дека е потребен „нов пристап“ за продолжување на дијалогот за нормализација на односите со Белград.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тежок разговор со петорката на ЕУ, САД, Италија, Германија и Италија, оцени Вучиќ

МИА/Фото: Еулекс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Мерко ќе се „спаси“ со измените на Кривичниот законик, објави СДК

Редакција

Во Србија зголемена цената на патарините

Редакција

(Видео) Дарувањето органи е чин на неизмерна хуманост

Редакција