еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Тежок разговор со петорката на ЕУ, САД, Италија, Германија и Италија, оцени Вучиќ

Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ оцени дека денешната средба со „големата петорка“ била тешка, јави дописникот на МИА од Белград.

-Тешка средба со петорката. Верувам дека во наредниот период ќе најдеме излез од кризата. Очекувам важни средби во Брисел во наредните денови, истакна Вучиќ на Инстаграм профилот „будучностсрбијеав“.

На состанокот во Белград учествуваа специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, заменикот помошник државен секретар и специјален пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, советниците за надворешна и безбедносна политика на претседателот на Франција и канцеларот на Германија, Емануел Бон и Јенс Плетнер и дипломатскиот советник на премиерот на Италија Франческо Тала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Србија и Косово нема европска иднина без имплементација на договорот

МИА/Фото: Фејсбук/Вучиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екатерини Сакеларопулу избрана за прва жена претседател на Грција

Редакција

Каков имот пријавил Талат Џафери, кој стана премиер на техничката влада

Редакција

Најниски просечни нето-плати во декември лани

Редакција