еМагазин
Image default
Бизнис

Лани фирмите добиле поврат на ДДВ во износ од 375 милиони евра

Заклучно со декември 2018 година, Министерството за финансии изврши поврат на ДДВ на фирмите во висина од 23,1 милијарда денари или 375,6 милиони евра. Тоа е за 3,7 милијарди денари или 60 милиони евра, односно за 19,3 отсто повеќе во однос на претходната година, информираат денеска од Министерството за финансии.

За редовен и автоматски поврат на ДДВ кон фирмите и пребивање на претплата на даноци кон сите даночни обврзници, Управата за јавни приходи направи Модул за автоматски поврат и пребивање.

-Со брз и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите, се подобрува ликвидноста во стопанството, а со тоа се стимулираат инвестициите, отворањето на нови капацитети и нови работни места, вели министерот за финансии Драган Тевдовски.

Модулот за автоматски поврат и пребивање е дел од од активностите кои ги преземаа Министерството за финансии и неговите управи и органи во состав, со цел подобрување на услугите кои се пружаат кон граѓаните и фирмите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Халк Банка може да извршува брокерски услуги за клиентите

Редакција

„КАМ маркет“ – најпосакуван работодавач за 2022 година во категоријата маркети

Редакција

Повторно лажни наградни игри со злоупотреба на Охридска и Комерцијална банка

Редакција