еМагазин
Image default
Бизнис

Лани градежниците завршиле 2.335 станови, во индивидуална режија градени се 1.617 објекти

Градежните компании во минатата година работеле на 2.385 објекти, а завршиле вкупно 2.335 станови со вкупна површина од 152.825 м2, од кои 2.299 се во индивидуална сопственост, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година, деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност од 32.718.450 илјади денари.

Од нив, 12.533.204 илјади денари се за објекти во индивидуална сопственост. Просечната корисна површина на завршените станови е 65,5 м2, а најмногу се градело во Скопскиот регион, потоа во Југозападниот, Пелагонискиот…

Во текот на минатата година во индивидуална режија градени се вкупно 1.617 објекти и завршени 1.742 станови со вкупна површина од 220.282 м2, од коишто 82 се станови во викенд куќи со вкупна површина од 7.240 м2, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година, индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 7.740.488 илјади денари.

Просечната корисна површина на завршените станови е 126,4 м2.

По региони, најмногу се градело во Полошкиот регион, потоа Скопскиот, Југозападниот, итн.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата на 138. место меѓу 1.011 државни должници: Неплатен долг од 18 милиони денари

Редакција

(Фото) Обновен летот Белград-Охрид

Редакција

Tриглав Осигурување со зголемена добивка во првите девет месеци

Редакција