еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Многу зборува, во зависност од тоа што пие или пуши: Лавров за изјавата на Зеленски дека Русија има намера да користи нуклеарно оружје

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во подолго интервју за „Тајмс оф Индија“, меѓу другото, најави дека Русија нема да употреби нуклеарно оружје во Украина, но и дека „специјалната воена операција“ влезе во втората фаза.

Во него тој даде свој коментар и за украинскиот претседател Володимир Зеленски.

-Многу зборува. Во зависност од тоа што пие или пуши, рече Лавров за изјавата на Зеленски дека Русија има намера да користи нуклеарно оружје.

Тој, исто така, изјави дека структурата на територијата на Украина е сложена.

-Неточно е да се тврди дека Украина може да биде само унитарна држава, дека ниту еден дел нема да добие специјален статус, дури и ако тоа го бара Советот за безбедност на ОН. Мислам дека тоа не е многу добро осмислено, рече Лавров.

Тој додаде дека кризата ќе беше завршена доколку Зеленски соработуваше.

-Доколку Зеленски го стореше тоа што го вети на својот електорат кога беше избран за претседател, доколку соработуваше и настојуваше да ги спроведе договорите од Минск, тогаш кризата во Донбас одамна ќе беше решена, рече шефот на руската дипломатија во интервјуто за „Тајмс оф Индија“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија ќе учествува со 213.736 евра во европски солидарни фондови, меѓу кои и за помош на Украина

Редакција

„После ова во Белград Захариева на апарати“: Твитер реакции за вакцинацијата на Македонци во Србија

Редакција

(ВИДЕО) Со Груевски во Будимпешта ручал вработен во Царинската управа

Редакција