еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лажни се пријавите за бомби во скопските училишта

Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во училишта во Скопје, завршија сите потребни проверки, информира вечерва Министерството за внатрешни работи.

Оттаму посочуваат дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 38 основни и девет средни училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, наведуваат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повторно дојави за бомби во училишта во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поразителни резултати: Низок степен на образование во Македонија имаат 17,7% од лицата на возраст меѓу 25 и 34 години

Редакција

(Видео) Снимка која го обиколи светот: Украински жител до руските војници: „Имате своја земја, што барате тука„

Редакција

Допрва ќе се прави проценка дали треба да се набави руската вакцина против Ковид-19

Редакција