Легендарната шведска група „АББА“ се враќа на музичката сцена.
Бени Андерсон (73), на Твитер откри дека заедно со другите членови од бендот е во студио по речиси четири децении пауза, како и дека познатата група подготвува нов албум.
😲 New #ABBA songs in September 2020? 😍 “That’s what we’re aiming for,” says Benny 🤞🏻 pic.twitter.com/LmFTBoYVJi
— ABBAtalk (@abbatalk) February 1, 2020
Како што пренесуваат светските агенции новиот албум треба да појави на крајот на летото, најверојатно во септември.
Веќе се најавени и две нови песни: „I still have faith in you“ и „Don’t shut me down“.
Нивниот последен албум „The Visitors“ беше објавен во далечната 1981 година.
„АББА„ е формирана во 1972 година во Стокхолм.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.