еМагазин
Image default
Забава

(Видео) Деби албум на музичарот Мартин Милески од Охрид

Мартин Милески од Охрид кој е музичар, гитарист, композитор и голем љубител на добрата музика го претставува неговиот деби албум наречен „Colosseum full of emotions”, на кој се наоѓаат осум инструментални нумери.

Албумот започнал да го снима во 2017 година, а потоа го објавил прво за странскиот пазар во април 2019 година. Сниман е во студиото на Александар Јосифовски, „Lunar Acoustix”. На албумот исто така се слушаат звуците на Хендрик Зингер и Блаж Ангелков (гостин на една песна) на бас гитара и Мухамед Реџепоски на саксофон.

„Каверот“ на албумот е дело на Александар Илиевски. Аранжманите на седум од песните се дела од продуцент Александар, на Мартин а еден од аранжманите е дело на, прерано починатиот, Андреј Лаброски.

„Сите нумери на овој инструментален албум се само едно огледало на мојот живот. Целосната инспирација за компонирање на песните ја извлеков од мои секојдневни ситуации. Болката кон моите прерано починати родители, до губење на саканите личности, па се’ до искрените детски насмевки и прегратки, старата и нова љубов, трнливиот пат кон успехот, и сите падови и подеми кои ме довеле до она што денес всушност сум.

Сите тие настани ме доведоа до посакуваните тонови за да го искомпонирам моето првенче. Секоја песна раскажува своја приказна низ тонови, накратко, за секоја песна по една реченица за што раскажува истата.

Албумот на еден начин претставува биографска приказна, тежок и трнлив пат кој го изодив во минатите неколку години. Го посветувам на моите родители и мојата најголема љубов. Секоја од песните носи своја, уникатна емоција која што успеав да ја пренесам преку нотите на моите синглови,“ вели Мартин за неговиот албум.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Лозано со прекрасна изведба на „Километри“, од дома

Редакција

(ВО ЖИВО) Номинации за Оскар: „Медена земја“ еден од фаворитите

Редакција

Музичарот Дуке Бојаџиев стана татко по втор пат

Редакција