еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Лекарка од Куманово веќе 40 дена има коронавирус, дополнително ѝ плаќа на државата за здравствени услуги

Лекарката Гордана Николиќ од Куманово, која со корона вирусот се зарази на своето работно место во кумановската болница, веќе 40-ти ден го има корона вирусот, сподели таа на Фејсбук.

„Зошто, се прашувам? Дали е тоа поради мојот имунолошки систем, дали поради тоа што мојот вистински роденден е 29-ти февруари (па секогаш сум во ретките луѓе), дали животот решил пак да ми ја тестира издржливоста и да види дали како феникс ќе се кренам пак на нозе? Не знам.

Но, едно знам, во мојата епидемиолошка анкета немам пренесено вирус ниту на едно лице! Бев многу интуитивна и совесна, знаев дека се инфицирав дента од тој контакт со заболен(а) и не сакав други да настрадаат, на работа или околу мене, барав тест и до тогаш да не одам на работа.

Мене ми е многу битно совеста да ми е чиста, да не разболам други луѓе. И мислев за совеста и другите така размислуваат,“ вели таа.

Лекарката се осврнува и на проблемот што заразените лекари мора да плаќаат партиципација во здравството, што не е во ред, бидејќи се заразиле на работното место.

„Не било така, некој во оваа наша државичка што донесува одлуки мисли дека јас дури и треба да бидам казнета. Како спиете Вие од Фондот за здравство кога донесувате вакви одлуки во смисла дека ова не е мое заболување стекнато на работа, дека јас треба да плаќам партиципација за лекување во болница и за лабораторија, дека треба да ми ја скратите платата, а од ова заболување јас два месеци скоро ќе седам дома, нема и да дежурам, а дежурствата се голем додаток на нашата основна плата.

А пневмонијата и стресот ми се гратис награда. Како спиете кога кога донесувате одлука дека ова не ми е професионална болест и не треба да ми надоместите ?

А гледам ми се одбива од платата за професионална болест. Како спиете Вие од Уставен суд кога мислите дека не треба да ја исправите и оваа неправда за здравствените работници.

Според сите Вас треба да бидам казнета јас и сите ние што сме помагале на болен од кој сме се разболеле. Поради немоќта за неправдата која ја гледам, ја сум под континуиран стрес. Дали би сакале да сте на мое место ? Лекар, анестезиолог …колку тоа бедно звучи…но само во оваа држава, на која сум и лојална како Србинка, во која уште татко ми ме запиша во училиште да учам на македонски јазик, затоа што тука живееме и ќе ја почитуваме државата.

Боли, многу боли неправдата. Дали некој од Вас што ги донесува овие одлуки и не се труди итно да ги промени, би можел да ме погледне во лице без да ја наведне главата. Совест, чесност и правдина се карактеристики кои треба да ги имате Вие од највисоките кругови кои донесувате одлуки.

Не, не е ова полтички статус, бидејќи јас не припаѓам на ниту една партија. Јас сум здравствен работник и не е важно дали сум лекар, сестра, болничар, јас настрадав на работното место и си ги сакам моите права.

И не само јас, како мене има ушто многу кои вака се чувствуваат. А да…и повторно ќе бидам феникс, ќе застанам јас на нозе кои можеби ќе ме одведат надвор од оваа држава, на која целиот живот сум лојална…за жал,“ пишува Николиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заболената лекарка од Куманово раскажува за состојбата со корона вирусот: Засега, освен главоболка и лесно кашлање, немам друг сипмтом

фото: Фејсбук/Николиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Среќа или судбина: Грешка во чекирање му го спаси животот на Џафер Долек од автобуската несреќа во Бугарија

Редакција

(Фото) Клиника Жан Митрев со нови инвестиции до врвен здравствен систем со сите услуги на едно место

Редакција

Францускиот нон-пејпер на разгледување во Владата, Париз бара новата методологија да се објави до јануари 2020

Редакција