еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Лекција од Констракта како да ја преставиш својата земја на Евровизија

Ретко кој евровизиски фан деновиве не ги научи зборовите „Бити здрава“ од песната на „In corpore sano“ на српската преставничка на Евровизија, Ана Ѓуриќ (Констракта).

Таа е една од ретките кои на оваа издание на Евровизија пее на мајчиниот јазик и покажаа дека јазикот не е никаква пречка за да една песна стане хит.

На најубав можен начин го промовираше својот мајчин јазик, што е и идејата на една ваква манифестација или би требало да биде.

Секако тоа немаше да се случи доколку текстот не беше еден од најоргиналните на овогодинешново издание на Евровизија (ако не и најоргинален), како и нејзиниот целокупен настап.

Во ист стил е и целокупното нејзино однесување од прес конференции до бројните интервјуа кои ги даде деновиве, опуштено, со многу хумор и без глупости и патетики.

Па затоа слободно може да се каже дека Констракта е школски пример за тоа како треба да ја преставиш својата земја на Евровизија.

И посакуваме успех на вечерашното финале на Евровизија. Нема дилема Македонија навива за неа, а ако Украина по вторпат победи поради политика, не е важно, Констракта is the best!

Фото/видео: Евросонг

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа 17 лица, најмладиот има 45 години

Редакција

(Вознемирувачко видео) Злоставени, изгладнети, болни, оставени да умрат: Снимки од врвна одгледувачница на расата „кане корсо“ во Македонија

Редакција

Радев: Владата на Петков да не отстапува од бугарскиот национален интерес во однос на Македонија

Редакција