еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Леталото со бомба од 120 килограми кое падна во Хрватска било украинско

Беспилотното летало, од советско производство, кое на крајот на минатата недела падна во Загреб е на украинските воени сили и носело бомба од 120 килограми, наменета за руските воени позиции во Украина, пишува денеска хрватскиот неделник „Национал“, повикувајќи се на извор близок до Министерството за одбрана.

Истиот извор за „Национал“ открил дека е извесно дека дронот излегол од контрола и оти наместо на руските позиции во Украина, завршил во Загреб, каде што паднал кога останал без гориво поминувајќи ги Романија и Унгарија без да биде забележан.

Останува непознато дали леталото изгубило контрола поради човечка или техничка грешка.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вчера изјави дека дронот носел експлозив, еден вид бомба и дека понатамошната истрага ќе утврди кој и на кој начин го лансирал проектилот кон Хрватска, како и дали се работи за грешка, саботажа или намера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пленковиќ: Не се знае кој, зошто и како ја испратил бомбата тешка 120 килограми, Франција и САД понудија помош

И во Романија се урна беспилотно летало

Беспилотното летало, кое се урна во Загреб, носело бомба од 120 килограми која експлодирала под земја

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе си легне ли ВМРО-ДПМНЕ на брашното и без амнестија?

Редакција

Владата ќе му префрли шест милиони евра на ЕСМ за да го преземе управувањето со БЕГ и Скопје Север

Редакција

Кои се најтргуваните акции на Македонската берза во август

Редакција