Возилата за одржување на хигиена во урбани средини „Грин машинс“, беа презентирани во Рига, главниот град на Летонија, како потенцијален нов пазар за продажба на возилата кои целосно се проектирани, дизајнирани и произведени во фабриката Брако во Велес, информираат од компанијата.
-На барање на потенцијалните клиенти, претставници на „Грин машинс“ извршија практична презентација на моделот GM414RS, во рамките на кругот на една приватна компанија, и на електричниот модел GM400ze, во кругот на болничка клиника во Рига.
Двата модела се со рачно управување и со многу можности за инсталација на дополнителна опрема според потребите на корисникот.
Презентерските и продажните тимови на „Грин машинс“ се активни и брзо одговараат на интересот на клиентите во цела Европа, Азија и Америка, кој постојано се зголемува со оглед на тоа дека станува збор за еколошки и ефикасни возила за одржување на хигиена во градски средини, велат од компанијата.