еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 57 случаи со Ковид-19, еден починат и девет оздравени

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 808 тестови, а регистрирани се 57 нови случаи со Ковид-19, еден починат од Струга (86г) и девет оздравени пациенти.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, нема регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.

Од 57 новозаболени од Скопје се 38, Битола и Прилеп – по 5, Штип – 4, Кавадарци, Велес, Струга, Неготино и Крушево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 15 реинфекции.

Од деветте оздравени пациенти, од Скопје се осум, а еден е од Македонски Брод.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 343.722, бројот на оздравени пациенти е 333.833, на починати е 9.554, а бројот на активни случаи изнесува 335.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лавров најави посилна соработка на Русија со Кина

Редакција

Апел за ИТНА промена на законот: Ниту една клиника во Македонија нема знаење и опрема за лекување на Леонид Индов, и затоа е во Виена

Силвана Жежова

Спасовски очекува нов предлог за министер за внатрешни работи од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција