еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Лавров најави посилна соработка на Русија со Кина

Соработката меѓу Русија и Кина само ќе стане посилна во сегашните околности, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Оваа соработка ќе стане посилна, бидејќи во време кога Западот очигледно ги поткопува темелите на кои е изграден меѓународниот систем на вредности, секако дека ние како две суперсили (Русија и Кина) ќе треба да размислиме како да продолжиме во овој свет, истакна Лавров.

Во телефонскиот разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг одржан во петокот, американскиот претседател Џозеф Бајден ги наведе „импликациите и последиците“ во случај Пекинг да обезбеди материјална поддршка за Русија и нејзиниот напад врз Украина, соопшти Белата куќа.

Кинеските државни медиуми објавија дека Си ја опишал војната како „ничиј интерес“, но не се споменува директна критика кон рускиот претседател Владимир Путин.

Според неколку неодамнешни медиумски извештаи, Русија побарала од Кина воена опрема за поддршка на нејзината инвазија врз Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Русија во Украина користи хиперсонични ракети, за какво оружје се работи

(Видео) „Војната„ за шеќер во Русија продолжува

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија прогласи уште шест руски дипломати за персона нон грата

Редакција

(Галерија) Бадникови поворки низ скопските улици: Ѕвездата од Витлеем и гласот на ангелите ја соопштија радосната вест

Редакција

Димитров на „Прашај го министерот“ ќе одговара на директни прашања од граѓаните

Редакција