еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Перо Костадинов, старо-новиот градоначалник на Валандово

еМагазин во серијал Ви ги преставува новите градоначалници.

Кој е Перо Костадинов

Перо Костадинов, како кандидат на СДСМ, повторно е избран за градоначалник на Валандово.

Роден е во јануари 1987 година во Валандово.

Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2009 година.

Работно искуство

Работел во ИГМ АД „Еленица“ во Струмица и „Еко оранжерии Анска-Река“ во Валандово.

Политичка кариера

Од 2015 до 2017 година бил член на Советот на Општина Валандово.

На функцијата градоначалник на Општина Валандово за првпат стапи по локалните избори во 2017 година, кога победи во првиот круг.

Во 2021 година е избран за претседавач со Централниот одбор на СДСМ.

Во првиот круг победи и на последните Локални избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Која е професионално и приватно Данела Арсовска, првата жена градоначалник на Скопје

Кој е Максим Димитриевски, старо-новиот градоначалник на Куманово

Кој е Арбен Таравари, старо-новиот градоначалник на Гостивар

Кој е Кирил Пецаков, новиот градоначалник на Охрид

Фото: Фејсбук/Костадинов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пивофест во Прилеп од 1 до 3 септември, еве кој се ќе настапи

Редакција

Суспендиран од работа анестезиологот од Тетовската болница кој објави снимки со пациенти на „Tик-Tок“

Редакција

Нема присилна вакцинација, истите мерки се имплементираат во регионот и светот, велат од Министерство за здравство

Редакција