еМагазин
Image default
Бизнис

Летувањето во Грција годинава поскапо за 30, во Хрватска за 40%

Продажбата на летните аранжмани за 2023 година веќе започна, а од туристичките агенции се задоволни од интересот на граѓаните за ран букинг. Велат дека најголем интерес има за Грција, но, исто така, многу барани се и Албанија, Црна Гора и Турција, пишува весникот Вечер.

-Поради инфлацијата цените на сместувањето во Грција годинава се зголемени од 20 до 30 отсто, а во Хрватска за 40 отсто. Но, Хрватска не е толку посетувана дестинација од македонските туристи не само поради тоа што е скапа, туку и поради далечината, велат од агенциите, пишува весникот.

Некои од туристичките агенции што ги контактирале од Вечер, велат дека поради големите попусти за ран букинг, аранжманите за претсезона веќе се распродадени, а аранжманите за ова лето се поскапени за над 20 отсто во однос на лани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пренатрупан пазар: Во Македонија има 53 телевизии и 65 радија

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на „Водовод и канализација“ за набавка на горива вреден 402.000 евра

Редакција

„Мист енерџи“ го доби тендерот на тетовската Клиника за набавка на струја вреден 152.000 евра

Редакција