еМагазин
Image default
Македонија

Левица поднесе кривична пријава против директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути

Левица поднесе кривична пријава против директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Беким Максути, информираат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Големиот број на експлозивни средства го отежнуваат гаснењето на пожарот на Галичица

“Изминативе денови, јавноста повторно е сведок на некомпетентноста на системот за справување со кризи, овој пат со пожарот кој неколку дена беснееше на Галичица. Штетите по природните ресурси се непроценливи и сето тоа поради неажурност и слабости на државниот систем за брза интервенција и спречување на катастрофалните последици од огнената стихија.

Политичката партија Левица ја известува јавноста дека поради пожарите кои ја зафатија Македонија минатиот месец и притоа предизвикаа значителна материјална штета, поднесена е кривична пријава против директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути.

Кривичната пријава е поднесена поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ – казниво по чл. 353-в, ст.1 од Кривичниот законик на РМ, со запретена затворска казна од три месеци до три години.

Максути се терети дека во својство на службено лице, преку преземање на умислено и инкриминирано комисивно противправно дејствие (acta humana ilicita), односно необезбедување навремена проверка и сервисирање на противпожарните авиони и непочитување на временски рокови за склучување на потребните договори за сервисирање на авионите, пријавениот го отежнал процесот на планирање, организирање, финансирање и надзор за навремена превенција и отстранување на причините и последиците од природните непогоди.

Со тоа, Максути го довел во прашање извршувањето на активностите и постапките кои се преземаат од инволвираните страни во процесот на организираното спроведување на заштитата и спасувањето од пожари!

На овој начин, со преземеното противправно дејствие, пријавениот постапил спротивно на законските одредби за совесно постапување при вршење на своите законски овластувања и должности, а дополнително предизвикал значителна материјална штета која сè уште не е проценета и чијашто сума, кога ќе биде проценета, ќе биде тешко надоместлива“, велат од Левица.

Фото: Левица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одложувањето на пописот поддржано во собраниската Комисија за европски прашања, неуредно доставени над 100 амандмани

Редакција

МОН: Наставниците да одмораат од 2 до 11 јануари за да се намалат трошоците за греење

Редакција

Сите детали: Најголем дел од новозаболените од коронавирусот се на возраст од 50-59 години

Редакција