еМагазин
Image default
Македонија

Одложувањето на пописот поддржано во собраниската Комисија за европски прашања, неуредно доставени над 100 амандмани

Во Собранието доцна попладнево заврши комисиската расправа по предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, по скратена постапка.

Претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми од ДУИ изјави дека доцна попладнево заврши седницата со единствена точка на дневниот ред – одложување на пописот, што би се одржал од 5 до 30 септември. До 15 часот биле доставени повеќе од 100 амандмани од Алијанса за Албанците и Алтернатива.

„Сто и еден амандман беа доставени до 15 часот, имаше и други по 15 часот, а сите од формален аспект не беа уредни.

Како претседател на Комисијата за европски прашања добив писмо, известување од претседателот на Собранието Талат Џафери дека дел од амандманите не се уредно доставени, бидејќи биле запишани имињата на пратениците од опозицијата, а во најмногу од нив, потпишани само од двајца или од еден пратеник, а треба од сите наведени имињата на пратениците.

Поради овие причини претседателот така одлучи, добив известување и сме обврзани да го почитуваме“, изјави Адеми.

Адеми информираше дека имало и три амандмани уредно доставени од Левица, но, како што рече, не беа поддржани од членовите на Комисијата.  Додаде дека без ниту еден глас „за“, сите биле против или воздржани за амандманите на Левица.

„Ние завршивме во Комисијата за европски прашања и доставивме Извештај до претседателот на Собранието, Талат Џафери и би требало утре да расправа Законодавно-правната комисија за пописот“, рече Адеми.

На веб-страницата на Собранието, оваа седница е закажана за утре во 10 часот. Според него, постои можност утре да се одржи пленарна седница за одложување на пописот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прекината собраниската седница, измените на Законот за попис прво на комисиска расправа

Заев: Пописот е почнат, по донесувањето на Законот за негово одложување сите обработени материјали ќе бидат земени предвид

Алијанса на Албанците и Алтернатива не се предомислија, најавија амандмани за Законот за попис

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 139 случаи на Ковид-19 од 1.424 тестови

Редакција

Клиничката болница Штип бара вработување на околу 50 лица, меѓу кои и 15 лекари

Редакција

Јанева: Без „бомбите“ некој може да се спаси, а некој може да биде плус обвинет

Редакција