еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

„Либерти“ Скопје: Нашето работење не е причина за загадувањето на Вардар

„Либерти“ АД Скопје денеска соопшти дека нивното работење не е причина за овонеделните објави за загадување на реката Вардар.

– Компанијата спроведе сеопфатна ревизија на својата постројка за третман на отпадни води и може да потврди дека непрестајно работи во рамки на сите релевантни параметри, без проблеми.

Исто така, прегледани се и редовните мерења кои континуирано се спроведуваат, кои и понатаму се далеку под ограничувањата утврдени во работната дозвола, се вели во соопштението

Овие мерења, како што се наведува, беа потврдени и од страна на инспекторот со извршениот инспекциски надзор.

Државниот инспекторат за животна средина вчера соопшти дека по добиена дојава за загадување на Вардар со црвена боја во близина на Бетонската база – Бетон, направиле увид на посочената локација.

Со непосредниот инспекциски надзор утврдиле дека водата е со црвена боја и веднаш биле земени мостри од отпадната вода што излегува од колекторот за хемиска анализа кои се однесени во акредитирана лабораторија и е во тек нивно испитување.

Оттаму информираа дека е извршен вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект Либерти АД-Скопје, ул.„16 Македонска бригада“ б.б.

-Во момент на надзорот погонот Лужилница не беше во работен режим, односно производниот процес беше целосно сопрен. Погонот е запрен со работа на 10 јули во вечерните часови.

При увид во пречистителната станица утврдено е дека во истата доаѓа отпадна вода од Погон за пластифицирање на лим и од пречистителната станица истекуваат 210 литри на час отпадна вода која е безбојна.

Исто така е извршен визуелен увид и во пречистителната станица на Макстил АД-Скопје и од истата истекуваше безбојна отпадна вода од 100 кубни метри на час.

Значи, од извршените увиди и кај двата погоре споменати субјекти нема забележано појава на истекување на црвена отпадна вода, соопшти вчера Државниот инспекторат за животна средина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Реката Вардар кај Долно Лисиче повторно загадена

Инспектори зеле мостри за анализа од „црвената вода“ во Вардар

МИА/Фото: Инспекторат на Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Млади иноватори нудат решенија за загадениот воздух во училишните средини

Редакција

Ветерниот парк „Богданци“ урива рекорди во производството на електрична енергија

Редакција

(Фото) Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС испратени на уништување во Франција

Редакција