еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Лицата без лични документи конечно ќе добијат извод и лични карти

Со Законот за неевидентирани лица во матична книга на родени, што го усвои Собранието, обезбедена е институционално-правна рамка за тие конечно да добијат граѓански идентитет, информираше заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ.

Целта на овој закон е лицата кои не се евидентирани во матична книга на родени да се евидентираат во посебна матична книга на родени, по што ќе добијат лична карта заради остварување на право на образование, здравствена и социјална заштита како и вработување со задолжително социјално осигурување.

За овие лица, Законот предвидува постапка за дополнителен упис во матична книга на родените и добивање на прв извод.

Новиот закон е во согласност со препораките од ЕУ. Како што посочува дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Шкријељ, законот овозможува решавање на реалните проблеми со кои со години се среќавале овие луѓе а биле невидливи за заедницата.

„Со новиот Закон, ќе им се овозможи на лицата кои што немаат и не можат да пријават адреса на живеење поради различни причини, како што е нелегализиран објект или непоседување на имотен лист, да пријават адреса на живеење и да се евидентираат на адресата на центарот за социјални работи во местото на нивното живеење“, нагласува Шкријељ.

Фото: МТСП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 55.711 заболени со Ковид-19 во Македонија биле без симптоми

Редакција

(ВИДЕО) Македонија на нозе: Девојче со Даунов синдром не може да следи настава со другите деца оти родители од Гостивар не дозволуваат

Редакција

Жените во Македонија се уште се срамат да побараат помош за неволно испуштање мокрача и гасови

Редакција