еМагазин
Image default
Бизнис

Лицата со повисоки приходи ќе плаќаат придонес за задолжително здравствено осигурување на пониска основица

Согласно Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, Фондот за здравствено осигурување на Македонија секоја година на почеток на месец февруари, ги објавува лимитите за остварени приходи поради потребата од пререгистрација/регистрација за лицата со ниски и повисоки примања, со цел да имаат континуитет во здравственото осигурување, информираат од ФЗОМ.

Оваа година како и претходните години продолжува автоматската пререгистрација на оваа категорија на осигуреници и затоа сакаме да ги известиме лицата со ниски и повисоки примања, дека нема  потреба да дојдат во подрачната служба на Фондот да се пререгистрираат односно дека нивното здравствено осигурување автоматски ќе се продолжи, со исклучок на осигурениците кои имаат промена во однос на остварениот приход.

Новите лимити за здравствено осигурување согласно нето приход остварен во 2018 година изнесуваат:

До 145.980 денари – здравственото осигурување е на товар државата, односно Министерството за здравство плаќа придонес за здравствено осигурување.

Од 145.980 денари до 216.102 денари ако во последните два месеца оствариле вкупен приход помал од 24.330 денари – здравственото осигурување е на товар државата, односно Министерството за здравство плаќа придонес за здравствено осигурување.

Од 145.980 денари до 216.102 денари – здравственото осигурување го плаќа осигуреникот во износ од 50% на просечната плата односно, плаќа 1.333 денари месечно придонес.

Над 216.102 денари – здравственото осигурување го плаќа осигуреникот во износ од 50% на просечната плата односно плаќа 1.333 денари, месечно придонес.

При тоа напоменуваме дека како приходи на семејство се сметаат личните и приходите на членовите на носителот на здравственото осигурување (брачен другар, деца).

Новини во законските прописи

Со измените и дополнувања на Законот за придонеси од задложително социјално осигурување објавени во Службен весник на РМ бр. 247 од 31.12.2018 година, лицата со повисоки примања нема да имаат повеќе обрска да плаќаат придонес за задолжително здравствено осигурување на 100% основица на просечната плата во Републиката објавена во јануари во тековната година туку основица за пресметка на придонес за задолжително здравствено осигурување за оваа категорија на осигуреници е 50% од  просечната плата во Републиката објавена во јануари во тековната година. Оваа законска поволност ќе ја користат 462 осигуреници.

Осигурени лица кои имаат решение да плаќаат придонес на 100% основица за пресметка и плаќање на придонес, а тоа е просечната плата во Републиката објавена во јануари во тековната година според податоците од Државниот завод за статистика, ќе се пререгистрираат по службена должност за што ќе добијат ново решение со кое осигуреникот ќе се презадолжи со новата основица со тоа што од 100 % истата ќе се намали на 50% основица за пресметка и плаќање на придонес од просечната плата. Притоа овие лица нема потреба да доаѓаат на шалтерите во подрачните служби на Фондот.

Лицата кои ќе поднесат ново барање за утврдување на својство на осигурено лице од 01 февруари 2019 година согласно член 5 став 2 од Законот за здравствено осигурување односно во делот од образецот на барање БОЛ-Н во делот лица со повисоки примања ќе ја заокружат точката 2 ќе добијат решение со кое ќе се задолжат за уплата на придонес за здравствено осигурување на 50% основица од просечната плата.

Начин на регистрација/пререгистрација на лица со ниски и повисоки приходи за кои нема законски измени 

На осигурениците на кои автоматски ќе им се продолжи здравственото осигурување и немаат промена во однос на лимитот на остварен приход, нема да добиваат нови решенија по пошта.

Лицата кои првпат поднеле пријава за здравствено осигурување во текот на месец јануари 2019 година потребно е да дојдат на шалтерите во Фондот повторно да  се пријават од 01 февруари до 31 март 2019 година, согласно сегашните објавени законски лимити, бидејќи истите во однос на остварените приходи за 2018 година се зголемени, со цел  да го остварат правото на здравствено осигурување.

Лицата кои имаат промена во висината на нето приходите за минатата 2018 година, потребно е да дојдат во подрачните служби на Фондот од 1 февруари до 31 март оваа година и да донесат документи за нова пререгистрација.

Доколку  се утврди дека осигуреното лице спаѓа во друга категорија со повисоки приходи, а не пријавило дека има приходи и користело здравствени услуги, Фондот по службена должност ќе донесе решение за престанок на својството на осигурено лице, со што му се укинуваат правата од задолжителното здравствено осигурување, освен правото на итна медицинска помош.

Овие лица на кои нема да им се продолжи здравственото осигурување поради повисоки приходи од наведените лимити ќе треба да дојдат во подрачната служба да го регулираат своето здравствено осигурување.

За сите подетални информации поврзани со Проектот за регистрација/пререгистрација на невработените лица, осигурениците може да се обратат на бесплатната инфо линија 080033222 или на мејот: [email protected] како и на веб страницата www.fzo.org.mk во делот на пререгистрација на лица со ниски примања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски Телеком со зголемени приходи и намалена добивка во првите девет месеци

Редакција

Продадени акции од „Макпетрол“ за милион денари

Редакција

Тендер тежок 40 милиони денари: Кој ќе ги осигура вработените во МВР?

Редакција