еМагазин
Image default
Локално

Лице од Велешта со прострелни рани примено во струшката болница, полицијата го истражува случајот

Педесет и петгодишно лице од Велешта денеска е примено во струшката болница со две прострелни рани во градниот кош.

Случајот во полиција го пријавил лекар од Општата болница во Струга.

– Во ОВР Струга е пријавено дека во Општата болница во Струга, со прострелна рана е примен Д.Б. (55) од струшкото село Велешта. Полицијата врши увид на местото на настанот и презема мерки за разјаснување на околностите под кои се случило пукањето, изјави за МИА портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Според првичните информации, настанот се случил во куќа во Велешта, во која не живеел никој, а била во сопственост на близок роднина на повредениот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 60 мигранти откриени во два товарни возови

Редакција

Штипјанка сакала да прошверцува марихуана при посета на сопругот во затвор

Редакција

Маж починал во куќарка на паркинг во скопски Центар

Редакција