еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лидерот на Алтернатива, Гаши подготвен за компромис за отстапување министерски места

Откако ќе завршат преговорите помеѓу СДСМ и Алијанса за Албанците ќе разговараме за останување или напуштање на владината коалиција. Ние сме за компромис и околу распределбата на ресорите, изјави Африм Гаши, лидерот на Алтернатива на паузата од состанокот со членството во Гостивар.

Гаши напомена дека партиските органи ќе одлучат за останување или излегување од владата. Доколку Алијанса биде владин партнер и Алтернатива остане, според Гаши има начини и канали за комуникација и соработка, бидејќи како што нагласи, Алтернатива е кооперативна партија.

Во врска со шпекулациите дека има условувања за останување или напуштање на Владата на прашање на МИА да даде оценка или партиски став, лидерот на Алтернатива вели дека како партија се исправени пред тој предизвик, но, како што рече, за жал или за среќа ќе почекаат да видат како Алијанса за Албанците ќе ги води преговорите со СДСМ за влез во Влада.

-Доколку се постигне договор помеѓу нив, ние ќе погледнеме дали е чепнат и дали тоа го засега нашиот договор за влез во Владата, истакна Гаши.

Од позиција на прв човек на партијата, тој нагласува дека Алтернатива засега нема црвени линии за коалициските партнери и дека е подготвен на компромис за отстапување на некои министерски позции.

Партиското раководство на Алтернатива вечерва има состанок на кој меѓу другото се разговара и за натамошните чекори кои би се презеле при евентуален влез на Алијансата за Албанците во Владата.

Тој потсети дека нивното придружување во владината коалиција било поставено на два главни столбови: политичкиот договор од девет точки и преземање на одговорности и функциите кои требаше да ги преземат.

Појасни дека на овие состаноци со членството ги дискутираат можните импликации од останување или напуштање на коалициската Влада.

Гаши напомена дека во моментов нема никаква понуда за која би се разговарало во партијата за се донесе заклучок и да се разговара со идните коалициски партнери

Првиот човек на Алтернатива на прашањето зошто денеска го одбраа Гостивар и дали тоа има некоја посебна порака истакна дека ова се редовни партиски активности преку кои потесното раководство е во контакт со членството и ограноците и не се во корелација со актуелните политички збиднувања.

Минатата недела, рече, бевме во Тетово, оваа недела сме во Гостивар, за наредната ќе се договориме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алијанса за Албанците преговара за три министерски места

МИА/Фото: Гаши/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

19-годишник од Скопје без возачка дозвола превезувал мигранти

Редакција

„Електроизградба“ го доби тендерот на Град Скопје за одржување на јавното осветлување и градските часовници вреден 524.000 евра

Редакција

(Фото) 12 годишно девојче кое боледува од тумор на малиот мозок живее во тешки услови во Трубарево

Редакција