еМагазин
Image default
Бизнис

Лозарите бараат ревизија на работењето на Стефанс вајнери која отиде во стечај

Лозари од Тиквешко бараат ревизија на работењето на Стефанс вајнери која отиде во стечај. Тие се собраа за да се договорат околу следните чекори кои ќе ги преземат, за да си наплатат околу 850 илјади евра од стечајната маса, за грозјето продадено во 2015 година.

-На Божиќ мистериозно исчезнало виното од винаријата која ни должи. Станува збор за некогашната германска инвестиција во Кавадарци. Такви се нашите сознанија, изјави за МИА Трајче Кулев, претседател на Здружението „Напредни лозари“.

Од над 20 милиони килограми грозје од лозаропроизводителите, според нивните информации, било направено вино, од чија продажба тие се надевале дека ќе бидат намирени обврските кон нив.

-Но, нашата мака никогаш не беше наплатена, а грозјето како да ни беше украдено пред нашиот нос, би рекол. Многу ми е жал што се случи тоа, но ние до крај ќе си ги бараме парите, нагласи Кулев.

Изрази надеж дека на крај, сепак ќе ги добијат тешко спечалените пари од лозарството.

-Се сомневаме на криминал во изминатиот период во тој објект и исчезнување во непознат правец на машини и алатки, но евентуалните проверки на работењето во минатото, се надевам дека ќе ги дадат одговорите на сите отворени прашања. А виновниците, да си одговараат соодветно на законите, рече Кулев.

Според информациите од лозарите, мистериозно снемало и флашара и цистерни, кои исчезнале и покрај тоа што биле заложени под хипотека. Што се однесува до виното, пак, тоа најпрвин било чувано во друга винарија, флаширано па извезено.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Австриска компанија го доби тендерот на Агенцијата за млади и спорт за монтажа на седум лизгалишта вреден 227.000 евра

Редакција

Колкави трошоци имале лани ТВ 24, Наша, Сонце, Шења, Клан и ТВ 21

Редакција

Бугарската компанија Гуливер престана да продава карти за летот Скопје-Софија

Редакција