еМагазин
Image default
Локално

Луцидна измама: Им собрале „ауди“ пред очи

На 25.09.2020 во 16.30 часот во Полициската станица Неготино, 59-годишна жена од Неготино пријавила дека била измамена од А.М(18) од с.Патишка Река, Сопиште, за сума од 10.000 евра, информира МВР.

Според пријавеното, околу 13.00 часот, таа и нејзиниот сопруг кај нотар во Неготино завериле купопродажен договор за нивното возило „ауди а4“ со А.М., со кого бил и неговиот брат Н.М..

По ова, според пријавеното, заминале за Кавадарци, каде А.М. отишол во банка за да подигне пари во износ од 10.000 евра за исплата на возилото, додека пријавителката, нејзиниот сопруг и Н.М. чекале.

Според пријавеното, по некое време и Н.М. им рекол дека ќе оди до банката да види до каде е брат му, но и двајцата не се вратиле, па за кусо време во банката отишле и пријавителката со сопругот, но не ги пронашле ни лицата ниту возилото, по што заклучиле дека се измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен скопјанец кој пукал со пиштол кон кучиња во парк во Аеродром

Редакција

Кавадарчанка го убила партнерот, па го запалила

Редакција

Ги блокирале сред автопат со „Порше“ и „Мерцедес“ и ги нападнале

Редакција