еМагазин
Image default
Локално

Луцидна компјутерска измама: Скопјанец менувал податоци за меѓународни разговори кај два телефонски оператори

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при БЈБ поднесе кривична пријава против А.С.(47), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама“, информира МВР.

А.С., во својство на управител на фирма од Скопје, потпишал договор со фирма за телекомуникации од Скопје за користење на услуги. Со користење на опремата и софтверот на фирмата за телекомуникации, за која не бил овластен, ниту регистриран за давање на услуги во областа на електронските комуникации, во период од јули до ноември 2019, навлегувал во телекомуникацискиот систем на два телефонски оператора од Р.С. Македонија и ги менувал податоците за започнатите меѓународни повици.

А.С. наместо нив креирал нов компјутерски податок, прикажувајќи како да се остварува повик од национален телефонски број од Р.С. Македонија, а така изменетите компјутерски податоци како локални – национални повици, се регистрирале во компјутерскиот систем на оштетените телефонски оператори, со што ги оневозможил да наплатат надомест за терминација на дојдовен меѓународен сообраќај со странски оператор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанка му одзела паричник на гостиварец кој ја превезувал

Редакција

Српски државјанин тешко повреден, со „Нисан“ излетал од патот Гостивар – Маврово

Редакција

Две ваги на кратко го блокираа сообраќајот на „Партизанска“

Редакција