еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Мајка од Скопје му скршила коски на раце, нозе и на череп на 13-месечно дете

Основното јавно обвинителство Скопје пред Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – Запуштање и малтретирање дете од член 201 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 12 став 2 од Кривичниот законик, информираат од Јавно обвинителство.

„Обвинетата, во состојба на битно намалена пресметливост, како родител на 13-месечно дете, во периодот од 15.06.2018 до 07.07.2018 година, со грубо запоставување на својата должност за родителска грижа, го запуштила детето и со тоа го довела во опасност неговиот живот.

Во временскиот период додека таткото на детето се наоѓал на издржување казна затвор, таа детето повремено го оставала само, без родителска грижа и без да внимава на неговата сигурност и потреби.

Како резултат на тоа, на 07.07.2018 година кај детето биле констатирани тешки телесни повреди изразени како скршеница на коските на черепот, крварење на тврдата мозочна обвивка, нагмечување на мозокот, скршеници на коските на двете нозе и на двете раце.

Од резултатите на наредените психијатриски вештачења врз сега обвинетото лице произлезе дека таа делото го сторила во состојба на битно намалена пресметливост, при која имала намалена способност да го разбере делото и намалена состојба да управува со своите постапки заради намалена моќ на расудување, сфаќање и одлучување, односно намалена способност за анализирање на своите постапки и за разбирање на суштината на своето дејствување.

Со оглед на тоа што постојат законски услови за изрекување мерка на безбедност во случај на битно намалена пресметливост, надлежниот јавен обвинител на Судот му предложи, со изрекување на казната, на лицето да му изрече и мерка на безбедност – задолжително психијатриско лекување на слобода“, се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како после Ковид-19 да се разбуди „заспаниот имунитет“ кај децата, кој е причината за заболување со вируси нетипични за лето

Редакција

Продолжува трендот на негативен природен прираст

Редакција

(Галерија) Сите скопски пожарникари се вакцинираа против Ковид-19: „Секогаш на прва линија“

Редакција