Вакцината против коронавирусот што била развиена од научници од универзитетот Оксфорд и тестирана врз шест мајмуни, дала ветувачки наоди кои на крајот од минатиот месец довеле до почетни испитувања и врз човекот, соопштија американски и британски истражувачи.
Британскиот производител на лекови „АстраЗенека“ минатиот месец соопшти дека се здружил со истражувачите од Оксфордската група за вакцини и Институтот Џенер, кои работат врз развојот на вакцината, пренесоа британските меидуми.
Според извештајот, некои од мајмуните кои добиле една вакцина развиле антитела против вирусот во рок од 14 дена, а сите заштитни антитела во рок од 28 дена, пред да бидат изложени на големи дози на вирусот.
По изложеноста, вакцината го спречила оштетувањето на белите дробови, но вирусот останал активен во носот.
Стивен Еванс, професор по фармакоепидемиологија на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, изјави дека податоците за мајмуните се дефинитивно добра вест.
Иако успехот на вакцината врз мајмуните е клучен чекор, многу вакцини што ги штитат мајмуните во лабораториите не успеваат да ги заштитат и луѓето.
Еванс вели дека едно клучно откритие е особено смирувачко, а тоа е дека нема докази за засилена имунолошка болест, во која се случува дека наместо да се заштити од вирусот, вакцината всушност ја влошува болеста.
– Тоа беше дефинитивно теоретска загриженост во врска со вакцината САРС-КоВ-2 и фактот дека нема докази за тоа во оваа студија е многу охрабрувачка, вели Еванс.
Минатиот месец, британските научници почнаа да ја даваат вакцината на волонтери, а до 13 мај вакцината ја примиле 1.000 лица.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
135 лица до 19 години во Македонија заразени со коронавирусот, просечната возраст 46
10 лица од новозаразените со коронавирусот со претходни заболувања