Претседателот на Македонско – бугарската стопанска комора, Кирил Лазаров изјави дека Македонците се повеќе ги заменуваат бугарските со српските зимски туристички центри поради политичката блокада од страна на Бугарија.
„На границата е сменет односот, не заради одлука на политичари, туку самата атмосфера е таква. Келнерот ќе те праша таму „Как,в си?“ (Што си ти?). Зошто да одам Банско и Боровец, ќе одам на Копаоник и Златибор. Но како што се растуриле односите, така и ќе се поправат. Брзо ќе се врати довербата и ќе се вратиме во нормала,“ изјави Петков за ТВ 24.
Лазаров вели дека премиерот во оставка Зоран Заев правел се за да ја зголеми довербата кај бугарските бизнисмени да инвестираат во Македонија.
– Пред ветото имав два пати на ден јавувања од бугарски бизнисмени, потоа наеднаш сето тоа беше пресечено како со нож. Заев наместо за 30 дена, помагаше за 8 до 10 дена бугарските инвеститори да отворат бизнис. Но, ги одбиваше ако сакаа за евтини пари да купат некоја фирма, тврди Лазаров.
Тој додаде дека очекува новите премиери Димитар Ковачевски и Кирил Петков да свртат нов лист во историјата на македонско-бугарските односи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарскиот премиер Кирил Петков сепак доаѓа во Македонија на 18 јануари
Бугарскиот премиер Петков во самоизолација, одложена посетата на Македонија