Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2019 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 0.5 % и изнесува 5.103 живородени деца.
Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2019 година бележи намалување од 1.1 % во споредба со истото тримесечје од 2018 година и изнесува 5.152 лицa, а од нив 32 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен и изнесува – 49, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 5.2 % во споредба со истиот период од 2018 година и изнесува 3.381 брак.
Во ова тримесечје од 2019 година се регистрирани 592 разведени бракови.