еМагазин
Image default
Бизнис

Македонец ќе раководи со црногорскиот аеродром

Горан Јандреоски е избран за нов извршен директор на аеродромот во Црна Гора, поради, како што соопшти компанијата, богато работно искуство во воздухопловството.

„Комисијата, што се состоеше од членови на Управниот одбор на аеродромот и претставник на Министерството за капитални инвестиции, го избра Јандреоски по конкурс и интервјуто, врз основа на неговата богата професионална биографија“, се вели во соопштението на компанијата.

Јандреоски беше директор на Управата за цивилно воздухопловство во Македонија, како и на високи раководни позиции на аеродромот во Скопје.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкави примања имале Светозар Јаневски и членовите на Управниот одбор на Тиквеш лани

Редакција

„Жикол“ го доби тендерот на Министерството за транспорт за изградба на водовод во зоната Визбегово вреден 1,8 милиони евра

Редакција

Поскапува бензинот БС-95

Редакција