еМагазин
Image default
Бизнис

Македонија 2025 објави повик за компании за користење на бесплатна експертска поддршка од канадски советници

Македонија 2025 објави јавен повик за македонските компании за аплицирање на Програмата за претприемачи на семејството Битов, информираат од таму.

Програмата за претприемачи-Битов, е основана во соработка со Catalyste+ (поранешна CESO – Canadian Executive Service Organization).

Catalyste+ е канадска организација со 50 годишнo искуство во меѓународниот економски развој. Организацијата работи на развој на приватниот сектор односно бизниси кои ќе просперираат на национално и меѓународно ниво.

Македонија2025 има заедничка мисија со Catalyste+, да влијае на подобрување и зајакување на конкурентноста на македонските компании и ја спроведува оваа програма во Македонија од 2018 година.

Досега, преку оваа програма се поддржани над 20 македонски компании. Советниците на Catalyste+, кои се професионалци со богати професионални кариери, ќе работат на конкретни предизвици со кои се соочуваат македонските компании, согласно барањата и потребите на компаниите.

Канадските советници, според својата експертиза ќе бидат поврзани со компанија и ќе дојдат во Македонија со цел да работат заедно со македонските претприемачи на развој на нивната компанија.

Дел од експертската поддршка се обезбедува онлајн, а експертот поминува две недели во самата компанија.

Македонија2025 целосно ја покрива тарифата за советникот, како и неговиот превоз до Македонија. Компаниите имаат обврска да обезбедат сместување, оброци и локален транспорт за советникот.

Повеќе информации за самата програма и начинот на аплицирање може да добиете на следниов линк, додека Повикот за 2023 е достапен тука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Сашо Симјановски кој Владата го предлага за член на Одборот на директори на Македонски Телеком

Редакција

Нова Уредба: Договорните услови на кредитите ќе се менуваат 90 дена по вонредната состојба

Редакција

(Фото) На 3. август Лидл почнува со градба на маркет во Битола

Редакција