еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Во Велес се самоуби маж кој тешко повреди 25-годишна девојка, таа се бори за живот на Клинички

Вчера попладне во неговиот стан во Велес на улица „Андон Шурков“ се самоуби 38-годишен маж, кој вчера изутрина тешко ја повреди својата 25-годишна невенчана сопруга, која се бори за нејзиниот живот во Клинички во Скопје.

Информацијата за МИА ја потврди Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес, кој рече дека денеска ќе се произнесе со дополнителни информации околу случајот и за тоа дали повредата и била нанесена со огнено оружје.

Портпарол на СВР Велес претходно информираше дека во 07:47 часот во СВР Велес, од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека кај нив била донесена 25–годишна жена со повреди на телото нанесени од нејзиниот невенчан сопруг и дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од Општата болница Велес, како што информира за МИА д-р Елена Левкова Ќулумова, 25 годишната М.Р. во болница била донесена со Итна помош во 08:30 часот.

Таа ни потврди дека жената била донесена во тешка состојба со прострелна рана во долниот дел на стомакот. По направените лабораториски испитувања, а поради тежината на повредата во тешка животозагрозувачка состојба била препратена во Ургентниот центар на скопските клиники, каде се бори за својот живот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

11 лица од новозаразените со корона вирусот неодамна патувале надвор од земјата

Редакција

Што ќе се случи ако нема цензус: За избор на претседател треба да гласаат најмалку 723.253 граѓани

Редакција

Спаси многумина, но не успеа да го победи Ковид-19: Почина Гоце Илиески, шоферот на Брза помош

Редакција