еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонија меѓу државите кои се најзависни од рускиот гас

Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Молдавија се најзависни од рускиот гас меѓу сите европски земји, покажуваат податоците од Агенцијата за соработка на енергетските регулатори на Европската унија (АЦЕР).

Земјава, според податоците на АЦЕР објавени минатата недела, е 100 процентно зависна од рускиот гас. Од земјите во регионот зависноста на Србија од рускиот гас е 89 отсто, на Бугарија 77 отсто, Словенија 51 отсто,…

Најзависна од рускиот гас од западноевропските земји е Финска со 94 отсто, а најмалку зависна Франција со 24 отсто.

-Гасното поврзување со рускиот гас во Северна Македонија е преку Бугарија. Северна Македонија планира наскоро да изгради интерконектор за гас со Грција, проект со стратешко значење за земјата што ќе ја подобри енергетската сигурност и ќе овозможи диверзификација на гасното снабдување, велат од АЦЕР.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Анестизиолог снимаше во живо на Тик Ток пациентки и персонал од тетовската гинекологија, полицијата го приведе

Редакција

АВМУ: Законот за медиуми е спротивен на ЕУ директивите и не гарантира слобода на реемитување на ТВ каналите

Редакција

(Видео) Пендиков повторно не дојде на судењето за неговиот напад, обвинетиот Спасески се изјасни дека не е виновен

Редакција