еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонија може да изгуби над милјарда евра ако ги изгуби арбитражните постапки, открива ДЗР

Државниот завод за ревизија (ДЗР) во Извештајот за извршена ревизија на усогласеност на Владата – Сметка на основен буџет открива дека доколку Македонија ги изгуби арбитражните постапки кои се водат пред Меѓународниот арбитражен суд, а произлегуваат од склучените меѓународни договори, државата ќе треба да плати 82.267.500 илјади денари (945 милиони евра и 420 милиони долари), пари од Буџетот на граѓаните.

-Координативното тело за следење на арбитражните постапки кои произлегуваат од склучените односно ратификуваните меѓународни договори на Република Северна Македонија, изработило анализа и утврдило дека доколку државата ги изгуби споровите, вкупен износ на средства што потенцијално би требало да се платат се во износ од 82.267.500 илјади денари (945 милиони евра и 420 милиони долари), што ќе има импликации врз Буџетот на Република Северна Македонија во наредни години. Ревизијата укажува на потреба за утврдување на причините поради кои се покренати арбитражни постапки, со цел утврдување на одговорност, стои во Извештајот.

Во Извештајот меѓудругото стои и дека Генералниот секретаријат на Владата во текот на 2021 година има исплатено средства за ангажирање на 77 лица врз основа на авторски договори во текот на целата година, во вкупен износ од 22.807 илјади денари.

Вкупно 31 лице се ангажирани за реализација на прес активности, медиа мониторинг, фотографирање на настани, монтажа на видеозаписи, графички дизајн, изработка и објавување содржини и информативни видеоматеријали на социјални медиуми и како техничко лице за тон и видео за техниката во Владата, кои активности согласно член 12 став 2 од Законот за авторското право и сродните права се сметаат за авторско дело.

За овие лица во текот на 2021 година исплатен е надоместок во износ од 11.321 илјади денари.

Бројот на ангажирани лица со авторски договори во текот на 2022 година е намален и изнесува 46 лица.

Целиот извештај ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО ја одобри вакцината на Модерна, се уште не се одобрени кинеските вакцини против Ковид-19

Редакција

Повлечен путерот од кикирики Bio Chocolate Chip peanut butter, увезен од Словенија

Редакција

Драстичен пад на прометот на Македонската берза во ноември

Редакција