еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија обезбеди прибежиште за уште 14 авганистански граѓани

На Меѓународниот аеродром Скопје вчера пристигнаа 14 граѓани на Авганистан, вработени во Обединетите Нации и членови на нивните семејства.

Како што појасни владината прес-служба, станува збор за продемократско население кое е во опасност од талибанските власти, а за кои Македонија им обезбеди привремен престој до заминување во трета држава.

Со ова земјава ја продолжува активната улога во меѓународната операција за помош на граѓаните на Авганистан, велат од Владата.

– По слетувањето беше спроведена стандардната процедура со безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест. Овие цивили ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од Обединетите Нации, се наведува во соопштението.

Во земјава во моментов престојуваат 568 граѓани на Авганистан за кои институциите се ангажирани со сета поддршка и помош. Од Македонија до сега заминаа 85 граѓани на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија, Бразил и САД.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија ќе испрати нова воена помош за Украина

Редакција

На аџилак годинава ќе заминат 672 верници од Македонија

Редакција

Турција може да ја пушти само Финска во НАТО, не и Шведска, порача Ердоган

Редакција