Владата на една од последните седници ја разгледала информацијата за постапување по заклучоците во врска со инвестициската арбитража против Македонија од 3 ноември 2020 година која што ја повеле Гокул Дас Бинани и Мадху Бинани.
Владата го задолжила претседателот на Координативното тело за следење на арбитражните постапки произлезени од меѓународните договори во рок од три дена по усвојувањето на оваа информација да испрати барање за прибирање на понуда до адвокатската куќа ORRICK – филијала Дизелдорф, за застапување на земјава и во новата поведена постапка од страна на Бинани.
Владата го задолжила претседателот на Координативното тело за следење на арбитражните постапки произлезени од меѓународните договори, по добивањето на понудата во рок од три дена да достави предлог за избор на правни застапници.
Браќата Бинани се милјардери од Британија со индиско потекло кои своето богатство го имаат стекнато во бизнисот со рудници и метали, а ја тужат земјава поради проблеми со концесијата за рудниците Добрево и Тораница.
Имено, тие во 2006 година ги добија рудниците под концесија, која што им беше одземена неколку години подоцна поради неисплатени плати на околу 1.000 рудари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија ќе банкротира доколку Владата ги загуби арбитражните постапки
Година на арбитражи: Владата соочена со исплата мултимилионски штети