еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Македонија се уште не почнала со вакцинација, а Србија стигна до масовна ревакцинација против Ковид-19

Во Србија до овој момент се вакцинирани 555.000 граѓани, а од денеска на 200 пунктови 5.500 лица ќе ја примат втората вакцина, со што почнува масовната ревакцинција на жителите, јави дописникот на МИА од Белград.

– Втората доза на вакцина денеска ќе им биде дадена на 5.500 граѓани, утре 15.000, потоа 30.000, за да се дојде до 60.000 лица во еден ден. Да потсетиме, имавме речиси 60.000 вакцинации во еден ден, значи ќе имаме 60.000 ревакцинации во еден ден, изјави директорот на Канцеларијата за ИТ и е-влада, Михаило Јовановиќ.

Граѓаните кои ја примаат втората доза на вакцината веќе добија СМС порака и е-пошта каде и во кое време треба да се јават.

Доколку се случи некој да не е информиран, а поминат е 21 ден од вакцинацијата, треба да дојде до точката каде што ја примил првата доза.

– Речиси 950.000 граѓани досега изразија интерес за вакцинација преку е-управа и кол-центарот, а со ревакцинација продолжува и процесот на вакцинација со првата доза, кажа Јовановиќ.

Паралелно во Србија продолжи да пристигнуваат нови дози на вакцини. Утринава на белградскиот аеродром пристигнаа 50.000 нови дози на руската вакцина „Спутник V“, а вчера пристигнаа 8.190 дози на вакцината за коронавирусот произведена од компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“.

МИА/Фото: Hakan Nural on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Звучни имиња на бизнисмени и компании на новата листа на должници на УЈП

Редакција

(Видео) Марко Пејчиновски ја преплива релацијата Охрид-Струга-Св.Наум-Охрид, долга 64 км: Неостварената желба, сега остварена цел

Редакција

Убава вест: Оздравени 156 болни од Ковид-19

Редакција