еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Македонија2025 прогласена за најдобра организација за лидерски и економски развој во Југоисточна Европа

Меѓународната невладина организација Македонија2025 ја освои престижната Награда за мал бизнис 2020 (Small Business Awards), каде што беше прогласена за Најдобра организација за лидерски и економски развој во Југоисточна Европа.

Секоја година, Corporate Vision Magazine ги одбира најдобрите на глобална основа – бизнисите и организациите што се синоним за успех, вистински вредности и одржлив развој, чии достигнувања се демонстрираат преку иновативни производи и услуги, одлична репутација во рамките на нивната индустрија и задоволни клиенти низ целиот свет.

„Почестени сме што сме добитници на оваа престижна награда. Би сакале да им се заблагодариме на сите наши спонзори, организациски членови и корпоративни партнери. Остануваме посветени на нашите главни стратешки цели за подобрување на конкурентноста на македонските компании, зајакнување на врските со професионалната дијаспора и забрзување на развојот на лидерството.

Ви благодарам од сè срце!“, вели Никица М. Блажевски, главен извршен директор на Македонија2025.

Македонија2025 е непрофитна, неполитичка организација со примарен фокус на економски и лидерски развој, која соработува со бизнис секторот, владата и академијата, со цел генерирање можности и градење капацитети за економски раст, на тој начин помагајќи во градењето на посилна нација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Андреа Мирческа ја освои наградата Golden Oryx од „Катар ервејс“: Басистката е првата женска победничка на престижната награда

Редакција

(ГАЛЕРИЈА) Музичка програма и хуманитарна акција по повод отворање на нова уникатна градина на ресторанот „Four“

Редакција

(Фото) Како ќе изгледаше светот доколку природата и универзумот беа корумпирани

Редакција