еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Македонија2025 воспоставува Признание за придонес на припадниците на дијаспората

Денеска, Македонија2025 и Кабинетот на претседателот потпишаа Меморандум за соработка и покровителство на претседателот на Признанието за придонес на припадниците на дијаспората кон развојот на Република Македонија, информираат од таму.

Македонија2025 го воспоставува Признанието за придонес на припадниците на дијаспората со цел да им оддаде почит и јавно признание на припадниците на дијаспората кои индивидуално или преку нивни организации и групи во текот на изминатите години дале значаен придонес кон економскиот и/или општествениот развој на земјата, или промоција на земјата на меѓународен план, преку различни форми како донации, инвестиции, волонтерска работа и слично.

Признанието ги вреднува напорите на припадниците на дијаспората кои доброволно и без лична корист враќаат кон татковината од која потекнуваат тие лично и/или претходните генерации од нивното семејство.

Истовремено, преку ова признание им се дава можност на граѓаните, јавните институции, граѓанските организации и крајните корисници на добрите дела, донациите и слично, јавно да ја искажат својата благодарност кон алтруистите од дијаспората.

Оваа иницијатива на Македонија2025 е наменета за поединци, припадници од дијаспората, кои без оглед кога и каде се родени се нераскинлив дел од националното ткиво на македонскиот народ.

Ова Признание е симболична потврда за нивниот несебичен и континуиран ангажман и придонес во различни сфери кон родната земја. Признанијата ќе се доделуваат за исклучителен придонес и постигнати резултати во доменот на општествениот и/или економскиот развој, образованието, научно-истражувачките работи, уметноста, како и за особени заслуги од областа на социјалната и хуманитарната помош, или пак придонеле за подобрување на определени состојби во родната земја.

Македонија2025, на пригодна церемонија на 25 април 2023 година, заеднички со претседателот Стево Пендаровски ќе ги објави имињата на добитниците и ќе ги додели Признанијата за оваа година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Нина Црнокрак е новата Little Miss Planet 2023, уште две титули за сестрите Стефанови

Редакција

(Фото) Македонската компанија „Хорти Експерт“ ја „разубави“ амбасадата на САД во Косово

Редакција

(ФОТО) Доделени наградите на Советот за етика во медиумите за најдобри новинарски стории

Редакција