еМагазин
Image default
Бизнис

Македонијатурист поради ковид-кризата лани во загуба

Македонијатурист АД Скопје со своето работење текот на 2020 година од својата основна дејност- хотелски и ресторански услуги како и од други споредни дејности оствари негативен финансиски резултат бруто загуба од 35,40 милиони денари односно нето загуба од 35,40 милиони денари, информира компанијата преку Македонската берза.

“Финансискиот резултат за овој период е негативен во однос на истиот период во минатата 2019 година, кога Друштвото оствари позитивен финасиски резултат.

Вкупните приходи за дванаесетте месеци од 2020 година изнесуваат 129,56 милиони денари и се намалени за 65%, додека пак приходите од продажба се намалени за 79% во однос на претходната 2019 година.

Вкупните трошоци и расходи од работењето во текот на 2020 година изнесуваат 164,95 милиони денари и се намалени за 37% во однос на 2019 година.

Негативниот финансиски резултат од работењето Друштвото го оставри во услови на глобална пандемија на вирусот Ковид-19 и прогласена вонредна сосотојба во Државата во која согласно Одлуките на Владата привремено беа затворени сите угостителски објекти, границите и аеродромите, а отажани беа сите туристички аранжмани.

Деловната активност на Друштвото и во периодот од укинувањето на вонредната состојба на крајот на месец јуни до крајот на извештајниот период е сведена на минимум во споредба со истиот период минатата година.

Од тие причини, а со цел намалување на негативните ефекти од глобалната пандемија врз работењето и резултатите на Друштвото, Управниот одбор на почетокот на месец јули донесе Одлука за времен прекин со деловна активност на Подружниците: Бест Вестерн Хотел Турист, Хотел Карпош и Хотел Водно, а оваа Одлука ќе биде на сила се до создавањето на услови за нормално вршење на деловната активност.

Во почетокот на месец декември донесена е Одлука на Управниот одбор за времен прекин со деловна активност на Хотел Холидеј Ин поради изведување на инвестициони активности за целосно реновирање на хотелот.

Во исто време согласно проценките на Управниот одбор донесена е Одлука за почеток со деловна активност на Бест Вестерн Хотел Турист“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Македонијатурист“ со загуба од 22 милиони денари за девет месеци

Промет од 747.000 евра со акциите на „Македонијатурист“ за осум месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Договорите за парно греење со ЕСМ ќе се праќаат и по пошта и ќе се постават на веб страницата на компанијата

Редакција

ЕСМ склучи договор со PD Comel од Србија вреден 1,9 милион евра

Редакција

Нова листа должници на УЈП: Граѓани и фирми „набилдале“ долгови од 162 милиони евра

Редакција