еМагазин
Бизнис

Македонијатурист со добивка во првото полугодие

Македонијатурист АД Скопје во првото полугодие од 2023 година од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност, како и од други споредни дејности оствари позитивен финансиски резултат, односно добивка по оданочување од 39,26 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Вкупните приходи за шестте месеци од 2023 година изнесуваат 183,81 милиони денари и се зголемени за 32%, додека пак приходите од продажба на Друштвото се зголемени за 44% во однос на истиот период минатата 2022 година.

Вкупните трошоци и расходи од работењето за шестте месеци од 2023 година изнесуваат 141,88 милиони денари и се зголемени за 26% во однос на 2022 година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се најголеми акционери во Македонијатурист

Македонијатурист ќе дели дивиденда од 129,89 денари бруто по акција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пелистерка“ со загуба од 11,4 милиони денари за шест месеци

Редакција

Проверете каде се можете да ги искористите ваучерите за туризам

Редакција

БИМ Свети Николе со добивка

Редакција