еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Македонска сага: Работат, а живеат во сиромаштија

Во Македонија има илјадници лица кои работат или земаат пензија, а сепак живеат во сиромаштија, а исто така огромен е процентот на сиромашни деца.

Тоа го покажуваат најновите податоците на Државниот завод за статистика, кој врз основа на Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, ги пресмета индикаторите за сиромаштија за 2018 година.

Според податоците, во 2018 година, стапката на сиромашни лица во земјава изнесуваше 21.9 % односно 455.100 лица живеат во сиромаштија.

Стапкатата на сиромашни вработени лица е 8.8 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 7.9 %.

Уште позагриживачки е што огромен процент од 29,3 отсто од младите на возраст до 17 години живеат во сиромаштија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Софијанова: И во други градови има зголемен број на деца со горно-респираторна симптоматологија

Редакција

Поевтинува мазутот, цените на бензините остануваат исти

Редакција

Генерал Ѓурчиновски имал сообраќајна незгода во Косово, се запалил автомобилот во кој се возел

Редакција