еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонската православна црква со апел за зачувување на македонските национални интереси

Апел за неприкосновено зачувување на македонските национални интереси, упати Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА).

Синодот на МПЦ-ОА соопшти дека вчера на седница се освнрал на случувањата поврзани со нашиот евроинтеграциски процес. Синодот очекува на транспарентен начин, Владата во содејство со сите надлежни општествено-политички фактори во македонското општество, да изгради став кој целосно ќе го зачува македонскиот идентитет, македонскиот јазик и култура во рамките на европските вредности.

Во овој процес, историските прашања и Договорот за добрососедство со Бугарија не треба да бидат дел од преговарачката рамка.

– Изразуваме надеж дека бугарските власти ќе ја согледаат реалноста и ќе се отповикаат на препораките на меѓународните институции и ќе овозможат на македонското малцинство во Бугарија да ги оствари своите основни човекови права, впрочем, на реципроцитетна основа – имајќи го предвид барањето на бугарската кон македонската страна, се наведува во соопштението од МПЦ-ОА.

Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА, на својата редовна седница, одржана вчера, разгледа и повеќе прашања и настани поврзани со актуелниот црковен живот, при што ги усвои годишните епархиски извештаи, како во татковината, така и во дијаспората, и ја проследи дејноста на црковните воспитно-образовни институции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наши дипломати во Киев се во скривница, МНР се обидува да ги евакуира

Редакција

Разрешен и директорот на Агенцијата за филм

Редакција

Побаран притвор за двајцата насилници од Штип, кои крвнички тепаа девојка

Редакција